КОВИД-19

Фаучи: Делта мутацијата е најголема закана за борбата против пандемијата

23.06.2021 09:54

Фаучи додаде дека вакцините кои се одобрени во САД се ефикасни против овој вид.

Американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи тврди дека делта варијантата на коронавирусот е најголемата закана за борбата против пандемијата. Мутацијата која беше откриена во Индија се пренесува побрзо и станува доминантна на глобално ниво. Фаучи додаде дека вакцините кои се одобрени во САД се ефикасни против овој вид.

Изворот на новиот коронавирус и натаму предмет на жестока дебата и меѓусебни обвинувања. Кина бара темелна истрага во САД за потеклото на Сарс-Ков-2.

„Бараме истраги од три аспекти. Првиот е за изворот на епидемијата. Вториот е неспособноста да се справат со епидемијата и со виновниците, и третиот се однесува на проблемите во Форт Детрик и двестоте лаборатории во странство“, изјави Жао Лиџијан, портпарол на кинеското МНР.

Досега од ковид-19 починале над 3,88 милиони лица.