Економски форум во Скопје

Заев: Потребен ни е Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина

23.06.2021 10:28

Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додадам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина, а минатото е поука дека поделби и раздори не водат никаде, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на првиот Скопски економски форум...

Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додадам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина, а минатото е поука дека поделби и раздори не водат никаде, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на првиот Скопски економски форум.

Поддршката од Грција, посочи Заев, ја имаме и на нашиот европски пат, а НАТО членство значи сигурност, безбедност и одлична можност за економски развој.

Нашата земја ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавјата за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромно мнозинство на 26 од вкупно 27 земји членки. Сакам да им се заблагодарам на сите земји членки од ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка овој процес да започне уште во текот на актуелното претседателство, со Португалија или претседателството што следува со Словенија, истакна Заев, изразувајќи посебна благодарност и за континуираната поддршка од САД.

На првиот економски форум во Скопје, нагласи Заев, сакам да упатам порака до инвесторите да ги искористат можностите и да го влоижат својот капитал во Северна Македонија.