ЕВРОПА

Уште седум земји со забрана на летови од Белорусија

23.06.2021 10:31

Одлуката е донесена поради присилното пренасочување на патничкиот лет од Минск минатиот месец, при што беше уапсен новинар кој е криитчар на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Седум европски држави кои не се во ЕУ ќе забранат летови од Белорусија. Одлуката е донесена поради присилното пренасочување на патничкиот лет од Минск минатиот месец, при што беше уапсен новинар кој е криитчар на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Според шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел четири земји-кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан - Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија - заедно со Исланд, Лихтенштајн и Норвешка ќе се придружат со одлуката на 27-члените земји од јуни 4 да ги зајакнат постојните ограничувачки мерки.