Патувања

Волшебните пристаништата и марини во регионот на Анталија

23.06.2021 10:53

Покрај раскошот на тиркизното море, природните пејсажи, разновидните бои на овошјето и зеленчукот, шаренилото на традиционалните ракотворби и привлечноста на медитеранската архитектура, реонот на Анталија надалеку е познат по пристаништата и марините кои зрачат со убавина и кои се архитектонски совршено концепирани и изведени. Дел од марините се закитени со престижното сино знаме кое е потврда за чистата вода, а во пристаништата секојдневно пристигнуваат големи крузери преполни со туристи.

Покрај раскошот на тиркизното море, природните пејсажи, разновидните бои на овошјето и зеленчукот, шаренилото на традиционалните ракотворби и привлечноста на медитеранската архитектура, реонот на Анталија надалеку е познат по пристаништата и марините кои зрачат со убавина и кои се архитектонски совршено концепирани и изведени. Дел од марините се закитени со престижното сино знаме кое е потврда за чистата вода, а во пристаништата секојдневно пристигнуваат големи крузери преполни со туристи.

Сетур и Калечи марините во Анталија, потоа Аланија марината во Аланија, Сетур Финике марината во Финике, Парк и Тиркизната марина во Кемер и Кас марината во Кас, покрај нивните совршени градба и природното вклопување во пејсажот на морската шир, ги имаат најдобрите услови и ги нудат најквалитетните услуги за сите вљубеници во морепловството, како и за сопствениците на приватните бродчиња и јахти со најразлична големина. Токму затоа, реонот на Анталија е еден од најпопуларните региони за крстарење во Турција и на Медитеранот.

Покрај марините, кои повеќе се користат за индивидуални туристички цели, регионот на Анталија изобилува и со многу мали и големи пристаништа кои служат за комерцијални и други цели.Главното пристаништето е едно од најфреквентните места во Анталија и претставува природно продолжена архитектура на стариот дел на градот. Тука може да се изнајмат чамци кои ги носат туристите до познатите анталиски водопади.  Но, ова пристаниште претставува и место за забава и дружење, а секако и место каде што може да се вкуси традиционалната турска храна. Преполните ресторани и малите продавници во кои се нудат локални сувенири, зрачат со живост и создаваат пријатна атмосфера. Од едната страна на пристаништето се поставени стотици бродови подготвени за пловидба, а од другата страна, зад рестораните, се издига римската тврдина, познатото Хидирлик кале создавајќи ја бајковитата слика за овој град. Богатата историја на ова живописно поднебје постојано ги потсетува посетителите какво ретко место имаат можност да видат, нудејќи им неброено многу културно-историски локалитети кои може да ги посетат и да го направат незаборавен својот престој во Анталија. Забележливо е како медитеранското сонце, неописливо убавите и хармонични глетки  и мирисот на вусната храна изнудуваат насмевки кај посетителите.

Анталија, една од сјајните ѕвезди на Медитеранот!

Калеичи - стариот град на Анталија

Основана во хеленистичкиот период, а подоцна дел од римската империја, еден од главните летни центри во Турција, Анталија, со своите бројни културно-историски знаменитости и артефакти, нуди  можност за патување низ богатото  минатото на овој регион.

Кога туристите ќе се најдат на главниот плоштад на градот, прво ќе ја забележат познатата Саат кула изградена за време на владеењето на османлискиот султан Абдул Хамид Втори. Веднаш потоа, лесно се воочува впечатливата статуа на кралот Аталид од династијата  Пергамон, кој во 200-та година п.н.е го основал градот Анталија. Патеката спроти Саат кулата, ги води посетителите до централниот дел на една од главните атракции на Анталија, Узун Чарши Сокак, или, познатиот стар град. Оттука се влегува во предел кој ги спојува вековите и времињата: патувањето низ 18-от век, го овозможува една од најважните отомански џамии во градот, џамијата на Мехмет Паша, потоа, патувањето во 130-та година од нашата ера, го овозможува глетката на познатата Адријанова порта, изградена од римскиот император Адријан на која се уште блескаат прекрасно изрезбаните цветни мотиви. Малку подолу, на Хесапчи сокак, се наоѓаат урнатините на џамијата Скршеното минаре, која е изграденаво 13-от век врз темелите на поранешен римски храм, кој во еден период бил преобразен во византиска црква. Оваа локација е неверојатна мешавина на ерите и на култирите и ретко каде на земјата на едно место посетителите може да доживеат и видат толку богати археолошки наплстувања.

Оттаму, кога ќе се појде надолу кон античкото пристаниште, низ Керкмердивен, или, 44-те камени скали изградени од венецијанците кои ја освоиле Анталија во 15-от век, на крајот на патеката е сместено старото анталиско пристаниште, кое било главната артерија на градот од 2-от век п.н.е. се до крајот на 20-от век, кога било изградено ново пристаниште во близина на плажата Коњалти. Денес, историското пристаниште е простор на кој се закотвени  јахти и туристички чамци, а во околината има кафулиња и барови. Оттука, на југо-запад, се издигнува велчествената Хадирлик Кула, камена кула изградена од Римската империја во 2-от век, која подоца била претворена во познатиот светилник на овој град.

Талкањето низ тесните калдрми и куќите од османлиската ера, од кои голем број се обновени и претворени во мали хотели, ги носи посетителите до етнографскиот музеј Суна-Енан Кирач Калеичи, а веднаш до него се издига една мала и прекрасна православна црква, како потсетник дека токму од овој регон започнало ширењето на христијанството. Навечер,прошетката низ  паркот на стариот град наречен Каралиоглу нуди ретка глетка на романтично зајдисонце.