Османи најави нова регионална иницијатива за соработка на државите од Западен Балкан

23.06.2021 10:59

Сакам да најавам дека лансираме и нова иницијатива Б 6 од министрите за надворешни работи од државите од Западен Балкан со цел редовно, често и неформално да се среќаваме со цел да можеме да воспоставиме подобри лични и меѓудржавни киомуникации, а првпат состанок ќе се одржи тука во С Македонија следната недела, рече Османи.

Регионалната соработка е важен катализатор за помирување на регионот, добри соседски односи и мислам дека регионот навистина многу напредна во оваа смисла. Некој пресметал дека има 71 регионални иницијативи, и може да се каже дека имаме инфлација од регионални иницијативи и дека резултатуите не се во соглансот со големината на направените инвестиции. Меѓутоа не би ги потенцувал резултатите од оваа зголемена комуникација и тоа му треба на регионот.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на еднодневниот „Скопје економски форум“ и најави дека на С Македонија следната недела ќе биде домаќин на нова иницијатива за поврзување на земјите од Западен Балкан. Само овој месец, вели, имавме самит на лидерите од ЗБ од Бриони пороцесот, самит во Тирана, слената недела е Преспанскиот самит кој ќе се случува во Охрид.

Некој искоментира дека 50 проценти од проблемитите во ЕУ се решаваат со самите средби на лидерите и мислам дека тоа е важен предуслов за регионлана соработка во еден регион кој пред 30 години беше засегнат од воени дејствија. Сакам да најавам дека лансираме и нова иницијатива Б 6 од министрите за надворешни работи од државите од Западен Балкан со цел редовно, често и неформално да се среќаваме со цел да можеме да воспоставиме подобри лични и меѓудржавни киомуникации, а првпат состанок ќе се одржи тука во С Македонија следната недела, рече Османи.

Во однос на реалцијата помеѓу ЗБ и ЕУ, Османи вели дека ситуаицијата е јасна, целиот регион е остров опкружен е со држави членки на ЕУ, со 80 милиони луѓе, а две третини од економијата се поврзани со економијата на ЕУ.