Загина работник при изградба на „Мериот“

14.11.2013 22:27

Загина работник кој работел на изградбата на хотелот Мериот во центарот на Скопје

Милисав Михајловски роден 1965 година паднал во незаштитен  отвор од 9-от кат на зградата и загинал на лице место. Бил вработен во фирмата Дими Монт. Несреќниот работник работел на менување цевки за да се стават во отвор за вентилација широк  квадратен метар. Михајловски сакал на свој колега да подаде жица за лемење, но најверојатно од невнимание заборавил на отворот и паднал во него.