Велес

Втор уписен рок во средните училишта, најголем интерес за гимназиското образование

23.06.2021 13:05

Во тек е вториот упис за прва година средно, во четирите училишта во Велес останаа уште 358 слободни места. Најголем интерес за гимназиското образование, пополнети се и здравствените струки, информатичките како и угостителските во стручните училишта...

Од денес до петок, во средните училишта во земјава во тек е вториот упис за ученици во прва година. Во четирите средни во Велес останаа уште 358 слободни места по првиот уписен рок. Најмногу ги има во Економското училиште, Гимназијата повторно најинтересна за завршените основци. Најголем интерес по струки има за информатичката паралелка и за готвачи и келнери во „Коле Неделковски“ како и за  трите паралелки од здравствената во „Хемиското“. Сите овие се веќе со пополнет број ученици.

Од есен во две средни стручни училишта ќе работат и четири паралелки со дуално образование. Иако од страна на државата е најавено дека ќе добиваат по 3,5 илјади денари месечно стипендии, бројот на запишани ученици е половичен.

Освен од Велес, во прва година во средните училишта во градот се запишале завршени деветтоодделнеци и од Повардарјето, од Гевгелија, Демир Капија, Богданци. 

 

Петар Печков