„Кога облаците пукаат“ - филм за секојдневието на лицата со ХИВ и туберкулоза

24.03.2014 16:55

„Кога облаците пукаат“ креативен документарен филм во кој е отсликано секојдневието и интимата на оние кои живеат со ХИВ и туберколоза во Македонија...

Филмот е продуциран од светската здравствена организација како дел од кампањата за подигнување на свеста за лицата кои се соочуваат со овие болести.

Видео-дневник на маж и жена каде што секој на свој начин се соочува со хив или туберколоза.  „Кога облаците пукаат“ - кративно документарен филм базиран на лични сведоштва за добивање пореална визија на секојдневните проблеми.

„Не е класичен едукативно информативен карактер и како таков се надеваме дека ќе допре до голем број луѓе. Се надеваме дека оваа проекција нема да биде прва и последна и дека филмот ќе отиде на многу повеќе светски фестивали“, изјави Кумјана Новакова – автор на филмот „Кога облаците пукаат“.

Активностите за подигнување на јавната свест како за ХИВ така и за туберколоза  добиваат се поголем интензитет велат од здружението „ Заедно посилни“.

„Се повеќе отворено и подлабоко зборување за овие проблеми свеста се менува, се гради, а тоа секако влијае на превентивните и на јавно здравствените стратегии на државата. Еден од проблемите што го имаме не само во Македонија и воопшто е што луѓето не се теститраат и не се откриваат на време за хив и туберколоза“ - Андреј Семих – претставник на здружението „ Заедно посилни“.

Од „Заедно посилни“ со оценка дека е тешко да се измери ефектот од една кампања но веруваат дека со самото зголемување на активностите за подигнување на јавната свест работите се менуваат.

 

Ана Јосифоска