Заев: ЕУ има проблем, но ние не се откажуваме

23.06.2021 14:51

Денес Европа има проблем, визионерската идејата за обединување има проблем. Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин за заслужената интеграција на Западен Балкан, изјави премиерот Заев. Вели- алармот е вклучен...

Денес Европа има проблем, визионерската идејата за обединување има проблем. Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин за заслужената интеграција на Западен Балкан, изјави премиерот Заев. Вели- алармот е вклучен. Европските интеграции не треба да бидат заложник на билатералните прашања.

„Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ-интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди. Токму затоа сметаме дека во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан и тоа е став кој го делат сите останати земји членки на ЕУ. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори. Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку заемно почитување и заштита на националното достоинство“, рече Заев.

Македонскиот премиер дециден дека не се откажува. Најави повторна посета на Софија, сѐ додека не се најде решение на недоразбирањата.