Ковид-19

Филипче: Протоколите за новата учебна година се речиси готови

23.06.2021 15:34

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ако ситуацијата со Ковид-19 во септември не се промени, учениците треба да се вратат во училишните клупи. Мерки и натаму ќе има, како и соодветни протоколи...

Речиси се подготвени протоколите за физичко присуство на учениците во основните и средните училишта за оваа учебна година. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ако ситуацијата со Ковид-19 во септември не се промени, учениците треба да се вратат во училишните клупи. Мерки и натаму ќе има, како и соодветни протоколи.

„Протоколите се скоро готови, има уште некои технички детали кои го работат работната група од Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Се однесува на тоа ученици да се присутни 100 проценти, т.е. целото одделение или клас. Мерките се однесуваат на тоа да нема мешање на различни класови, и мерки за дезинфекција“- изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Со пристигнувањето на најавените 600 илјади вакцини, почнува и имунизацијата на наставниците. Од 30 илјади, досега се вакцинирани 10 илјади, кои физички ја водеа наставата.  Министерот ситуацијата со пандемијата ја оцени како стабилна.

Филипче исто така оцени и дека засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки. 

Александра Спировска