Две крвични пријави за убиството на Мевљана
24.03.2014 16:55
Обдукцијата покажала дека девојчето било брутално тепано, односно констатирано дека тоа имало крварење, повеќе повреди на внатрешните органи и неколку скршеници...

Кривични пријави заработија лицето што до смрт ја претепа тригодишната Мевљана во близина на скопски Бит пазар и неговата партнерка за помагање на убиство.
Била присутна додека девојчето било тепано со електричен гајтан, а не преземала ништо.
Обдукцијата покажала дека девојчето било брутално тепано, односно констатирано дека тоа имало крварење, повеќе повреди на внатрешните органи и неколку скршеници.
Сите пет деца кои живееја во куќата се одземени од социјалните работници и се предадени на центарот за социјални грижи.
