Евроинтеграции

Сијарто: Прашањата кои се значајни за Бугарија да се решаваат паралелно со преговорите за членство

23.06.2021 16:12

Бараме од Бугарија да не го кочи процесот на проширување на ЕУ и отворените прашања со Македонија да се решаваат паралелно со преговорите за членство во Унијата, смета унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кој денес присуствуваше на отворањето на почесен конзулат на Унгарија во Штип...

Атмосферата на состанокот на министерскиот совет на ЕУ вчера во Луксембург беше тензична и државите кои се залагавме за проширување, меѓу кои е и Унгарија, бевме фрустрирани – изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи. Го почитуваме правото на Бугарија да најде решение за прашањата со Македонија кои се важни за нив, но бараме тоа да не биде пречка за проширување на Унијата.

Не е прашање дали, туку кога ќе бидеме дел од ЕУ. Ги исполнивме условите и ќе го продолжиме дијалогот со Бугарија, изјави шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија денес отворија Почесен конзулат на Унгарија во Штип, со јурисдикциско подрачје за Источниот регион, а почесен конзул е Даниела Арсовска, актуелен претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Се одржа и Македонско-унгарски бизнис форум за продлабочување на меѓусебната економска соработка.

Славица Величковска