Влада
Утврден текстот на предлог-законот за измени во регулативата за животна средина
24.06.2021 10:21
Се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјава за 3,5 денари за моторен бензин, дизел гориво, екстра лесно масло за горење и мазут, како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин.

Владата го утврди текстот на предлог-законот за измени во регулативата за животна средина. Се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјава за 3,5 денари за моторен бензин, дизел гориво, екстра лесно масло за горење и мазут, како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин.
Измените, како што стои во владиното соопштение, се носат за да се прецизира делот за финансирање во животната средина и доследно да се примени начелото „загадувачот плаќа“.
