Патување

Античкиот град Перга

24.06.2021 12:03

Како дел од провинцијата Памфилија, античкиот град Перга сведочел на подемот и падот на многу цивилизации, а нивните културно-историски наследства на овој локалитет живеат и денес.

На само два километри оддалеченост од автопатот кој води кон една од главните туристички зони во Турција, регионот Анталија-Аланија, каде се распослани едни од најатрактивните ресорти, се наоѓа прекрасниот антички град Перга. Овој значаен локалитет, сместена на југот на Мала Азија, помеѓу Средоземното Море и виоката планина Таурус(Бик), припаѓал на старогрчката, а потоа на римската провинција Памфилија. Историските наоди покажуваат дека е изграден помеѓу 12-от и 13-от век п.н.е. Подоцна е освоен од Персија, а во 334 г.п.н.е. Перга е освоена од војската на Александар Велики.Најсветлата ера на градот била за време на владеењето на Римјаните во 2-ри до 3-ти век од н.е.

Како дел од провинцијата Памфилија, античкиот град Перга сведочел на подемот и падот на многу цивилизации, а нивните културно-историски наследства на овој локалитет живеат и денес.

Перга има посебно значење за христијанските верници и овој град е најпознат по тоа што Свети Павле, еден од најзначајните и првите преносители на христовото учење, кога го започнал апостолското патување, својата прва проповед, во 46 г.п.н.е. ја одржал токму тука. Затоа, овој град бил посебно значаен за христијаните во времето на Византиското царство.

Вековите не ги уништиле сведоштвата за овој значаен антички центар, низ времето успеале да опстојат голем број градби во кои се одвивал општетвениот и културниот живот на градот, објекти кои ја рефлрктираат величественоста која вој град ја поседувал многу векови во минатото. Пркосејќи на времето пред посетителите се издигаат некрополата, театарот, градските ѕидини, стадионот, гимназијата, римските бањи, правоаголно дизајнираниот плоштад, високите кули, монументалните фонтани, грчките и римските порти и паралелно проектираните улици.

Восхитувачка е глетката на археолошкиот локалитет, каде некогаш се простирал градот Перга. Пред се, на влезот, воочлива е импресивната римска порта, која  ги навестува важноста и значењето на овој град. Десно од портите се издига византиската базилика, потоа следи фасцинантната глетка на сочуваниот правоаголен плоштад, додека од левата страна на портата се простираат големите и гламурозни римски бањи, по кои Перга бил познат во тоа древно време. Продолжувајќи ја прошетката, се појавува фасцинантна глетка составена од две паралелни градски ѕидини, главниот симбол на градот Перга, изградени во 3-от век п.н.е. Дел од овие ѕидини се двете кули и старта порта, кои претставуваат најстари остатоци и датираат од хеленистичкиот период. Следува поглед на патеката со столбови, потоа, училиштето за боречки вештини и највисокиот дел на градот, акрополата.

Тука, како сведоштво за цивилизациите кои живееле и создавале на овој простор, се издигнува античкиот театар, кој воедно е и првиот објект кој се забележува кога се влегува во градот. Зад театарот е сместен импресивниот  и голем стадион, кој е нзјнзчајниот објект сочуван од античкиот град Перга и  важи за еден од најзачуваните стадиони од античкиот свет, втор по големина после оној во Афродизијас.

Археолошкиот локалитет Перга, во 2009-та година, беше вклучен на Листата на заштитени културно-историски локалитетина УНЕСКО и е една од точките со исклучителни универзални вредности кои се наоѓаат во Турција.

Перга, во сместена во билизина на многубројните туристички центри и атрактивни ресорти, е неизбежно место за сите кои сакаат годишниот одмор да го надополнат со квалитетна содржина. Неговата извонредна локација и лесниот пристап, на љубопитните туристи им нудат ретка можност даимаат допир со живата историја и големите цивилизациски дострели. Во Перга, историјата е жива и неисцрпна. На локалитетот посетителите може да видат како продолжуваат ископувањата и се добиваат нови наоди за богатото минато на градот.