ГРОМ ја започна претседателската кампања во Кумановско
Изборната кампања ГРОМ ја започна од Куманово...

Изборната кампања ГРОМ ја започна од Куманово, претставувајќи го кандидатот за председател Зоран Поповски пред жителите на селото Табановце.
„Декларативно се залагаме за евро-атлански интеграции, меѓутоа ние сакаме на дело да покажеме. Ќе си ја стокмиме државата од внатре, сакаме да ја стабилизираме етнички, сакаме да стане економски просперитетна и тогаш кога ќе биде таква , мислам дека ќе бидеме посакуван партнер и за Европската унија и за НАТО“, -рече кандидатот за Претседател од Гром, Зоран Поповски.
„На овие избори сакаме да промовираме една поинаква филозофија.Нам не ни треба Претседател кој ќе им се бендиса на Баросо и Меркел , нам ни треба Претседател кој ќе им се бендисува на граѓаните на Република Македонија и Претседател со кој ќе се потрудиме да си ја средиме државата внатре“, изјави лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски.
На средбата со граѓаните беше и лидерот на Српска Напредна партија, Драгиша Милетиќ кој ги повика жителите кои се претежно од српска етничка заедница, да му ја дадат подршка на кандидатот на ГРОМ.
Габриела Димковиќ
