Синeдејс

Богата селекција за 20- годишниот јубилеј на Европското патувачко кино

24.06.2021 12:25

Од 15-ти до 21-ви јули, публиката ќе има можност под отворено небо да ја види најновата водечка европска кинематографија, но и кратки филмови од македонската кинематографија.

Богата селекција на филмови на 20- годишниот јубилеј на Европското патувачко кино. Од 15-ти до 21-ви јули, публиката ќе има можност под отворено небо да ја види најновата водечка европска кинематографија, но и кратки филмови од македонската кинематографија.

Пред официјалниот дел, „Синедејс“ ќе патува во три градови во Македонија- Крива Паланка, Струмица и во Струга. Филмските остварувања премиерно ќе бидат прикажани пред локалната публика.

Овогодинашната селекција на филмовите ја одразува европската креативност и разновидност која ќе понуди филм за сечиј вкус, рече амбасадорот на Европската унија, Гир. Потенцира дека Европското патувачко кино под отворено небо е одлична можност за оние кои ја споделуваат страста за подвижните слики ширум Европа.

Фестивалот под отворено небо „Синедејс“, нуди единствена можност да се дискутира за филмовите со познатиот филмски критичар Влатко Галевски, како и со други стручнаци од оваа област.

Александра Спировска