ЕУРО 2020
Формирани осминафиналните двојки на Европското фудбалско првенство
24.06.2021 12:33
Комплетирана е групната фаза по која се формирани двојките за осминафиналето.

На 16. Европско првенство во фудбал вечерва заврши првиот сегмент. Комплетирана е групната фаза по која се формирани двојките за осминафиналето.
Пресметките за првиот елиминациски дел се:
Велс – Данска и Италија – Австрија (сабота 26 јуни);
Холандија – Чешка и Белгија – Португалија (недела 27 јуни);
Хрватска – Шпанија и Франција – Швајцарија (понеделник 28 јуни);
Англија – Германија и Шведска – Украина (вторник 29 јуни).
