САД

Се урна висококатница во Мајами, во тек е спасувачка операција

24.06.2021 12:45

Најмалку две лица се пренесени во болница. Снимките од местото на настанот покажуваат улица полна со остатоци од урнатини и делумно урната повеќекатница.

Се урна зграда со 11 ката во Мајами. Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушале повици за помош.

Најмалку две лица се пренесени во болница. Снимките од местото на настанот покажуваат улица полна со остатоци од урнатини и делумно урната повеќекатница.

На местото на несреќата дошле 80 противпожарни екипи. Според првите информации, оваа зграда е изградена во 1981 година и има 130 стана.