Кузеска: Мицкоски нема капацитет да ја промени партијата, а не пак државата
Мицкоски е докажан бранител на криминалот и извор на лажни вести, повторно се обидува да ги измами граѓаните со лажен наратив- велат од СДСМ...

Наводниот нов концепт, наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и провидни. Без извинување и расчистување со мрачното минато, ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди концепт за сите луѓе. За да нуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себеси, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но тоа го нема- рече денска на прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Мицкоски е докажан бранител на криминалот и извор на лажни вести, повторно се обидува да ги измами граѓаните со лажен наратив.
За да нуди таканаречен концепт за сите луѓе, Мицковски треба прво да го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Да престане да брани лица осудени за тероризам, да почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници, и да се престрои на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците- вели Кузеска.
Мицкоски мора да се огради и да се извини за криминалот со кој нивниот режим 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и на крајот, барем еднаш да соопшти дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.
