Десет нови случаи со Ковид-19, тројца починати

24.06.2021 14:52

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 17 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово - 4, Прилеп - 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1. Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г). Сите пријавени се починати во болнички  услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на Ковид-19.