СДСМ ја стартуваше предизборната кампања во Скопје

24.03.2014 17:34

Предизборниот караван на опозицискиот социјалдемократски сојуз ја стартува предизборната кампања од Скопје. На конвенција во универзалната сала ќе се промовира програмата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Под мотото „Македонија заслужува претседател“ Пендаровски  ја започнува трката на претседателските избори..

„Со гордост можам да констатирам дека СДСМ и овој пат ги надмина личните тесно партиски интереси, како што го направи со предлогот за надпартиски кандидат за Претседател – Проф. д-р Стево Пендаровски. Со ова се заокружува нова свежа кадровска политика на СДСМ, од, и за граѓаните на РМ. Бидејќи од денеска започнува прретседателската кампања, како шеф на изборниот штаб ве информирам дека токму тие, граѓаните че бидат во фокусот на Проф. д-р Стево Пендаровски. Од утре, кампањата продолжува со непсоредни, директни средби со граѓаните, од врата на врата, од човек до човек, СДСМ оди на двојна победа од претсатојните избори“, рече Оливер Спасовски.

По промоцијата на партискиот Конгрес, Пендаровски вети дека ако биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани на Република Македонија. Најави дека нема да потпишува укази на закони за кои ќе смета дека се несоодветни. Рече дека политичарите во Македонија треба да ги договорат стратегиските принципи на државата, а членството во ЕУ и во НАТО се приоритет. „Тоа не може да го реши еден човек или една партија. Треба да ги утврдиме нашите црвени линии од кои не отстапуваме“- порача Пендаровски по неговата промоција.

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963-та година во Скопје. Дипломирал право на универзитетот „св. кирил и методиј“. Магистрира на истиот универзитет, на институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема “Новата геополитика на република македонија: контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”. на истиот институт докторира на тема “надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: рамката на националниот дискурс”.

На почетокот од 90-тите беше помошник-министер за внатрешни работи и началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 2001-та до 2004-та година беше советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски, а 2005-та до 2009-та година ја извршуваше истата функција во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Во 2004-та и 2005-та година Пендаровски беше Претседател на Државната изборна комисија.Од 2008-та година, Стево Пендаровски е професор на Унизверитетот „Американ Колеџ“. Предава Меѓународна безбедност, Глобализација, Светска политика и САД, Меѓународни организации и институции, Надворешна политика, Тероризам.

 

Миле А. Ристевски