Операта „Дон Џовани“ на „Опера Паноника“ вечерва на Скопско лето
Учествува Оперски ансамбл од Осиек, Хрватска, диригент и продуцент е Берислав Јерковиќ – Хрватска, а солисти се Маријо Крниќ, Манос Kристофакакис, Ања Папа, Љубомир Поповиќ, Ива Херман, Катарина Шариќ. Пијано придружбата е на Анте Блажевиќ, а костимограф и сценограф е Анамарија Шербетар.

Вечерва во рамки на „Скопско лето“ со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности, во објектот Сули ан, ќе се одржи оперска претстава „Дон Џовани“ (автор: В.А.Моцарт) на „Опера Паноника“.
Учествува Оперски ансамбл од Осиек, Хрватска, диригент и продуцент е Берислав Јерковиќ – Хрватска, а солисти се Маријо Крниќ, Манос Kристофакакис, Ања Папа, Љубомир Поповиќ, Ива Херман, Катарина Шариќ. Пијано придружбата е на Анте Блажевиќ, а костимограф и сценограф е Анамарија Шербетар.
Оперската претстава ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници.
„Опера Паноника“ оперскиот ансамбл од Осиек е основан во 2010 година. Ансамблот се состои од музички уметници од Осиек, професори по музика како и многубројни гости од земјата и од странство.
