Брисел
Меркел: Нема договор за самитот со Русија
25.06.2021 10:55
Меркел рече дека лидерите на ЕУ ги редефинираат условите под кои тие се подготвени да соработуваат со Москва, но дека нема договор за самитот.

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека лидерите на Европската унија не постигнале договор за самитот со Русија предложен вчера од Берлин и Париз.
Меркел рече дека лидерите на ЕУ ги редефинираат условите под кои тие се подготвени да соработуваат со Москва, но дека нема договор за самитот.
Европската унија е длабоко поделена во пристапот кон Москва, а членките кои се граничат со Русија го отфрлија Француско- германскиот план за продолжување на официјалните средби со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АП.
