Истражување
Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019-та
25.06.2021 09:48
Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019-та година, тврдат британски научници...

Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019-та година, тврдат британски научници.
Првиот случај на зараза веројатно е откриен на 17-ти ноември, напишаа истражувачите во анализата објавена во научното списание „Плос патогени“.
Новите проекции сугерираат дека коронавирусот се проширил низ целиот свет многу побрзо отколку што се сметаше порано.
Истиот став го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитуваа потеклото на вирусот на почетокот на годината.
