ДПА тврди: Во ДУИ царува корупција

24.03.2014 17:37

Според ДПА криминалот и рекетот се препознатлив начин во практикувањето на власта од страна на партијата на Ахмети...

Во ДУИ царува корупцијата тврдат од ДПА. Уште  пострашно, според Јонузи, е што таквите   политичари, сега повторно ќе ги бараат гласовите од граѓаните за да продолжат со кражбата. Нов пример од  ДПА, по оној со пратеничката Мехмети, којашто според нив добивала дебел  месечен хонорар од Министерството за одбрана.

„Министерот за локална самоуправа, Таир Хани, кој месечно му плаќа 48.154 денари на Мусли Муслиу, или околку 800 евра на поранешниот градоначалник на Зајас, и актуелен шеф на изборниот штаб на ДУИ во Кичево“, вели Зија Јонузи од ДПА.

Според ДПА криминалот и рекетот се препознатлив начин во практикувањето на власта од страна на партијата на Ахмети, но тие се, многу позагрижени како што изјави Јонузи од тоа  што интегративците ги распродаваат и националните интереси на етничките албанци.

 

Виолета Димовска