Мозаик од рециклирани плочки на ѕидот на Природнонаучниот музеј
Завршен е проектот „Мозаикот како културна традиција и современо живеење“ поддржан од Швајцарската амбасада. 90 квадратни метри долг мозаик, сега го краси sидот на Природонаучниот музеј во Скопје. Направен е од преработени плочки. На него, работеа студенти, деца, граѓани, уметници, а претставени се ретки ендемични видови.

Направен е од плочки, невообичаена техника за мозаик. На 90 метри квадратни во секое делче од ова уметничко дело има многу љубов и трпение. На него во живи бои се отсликани ендемичните видови на животните кои се изложени и во Природонаучниот музеј, на чиј sид се наоѓа ова уметничко дело.
Преку изработката на овој мозаик, го подигнавме граѓанскиот активизам. На него работеа студенти, деца, граѓани, уметници- секој со свое парче придонесе во изработката на ова колоритно дело, велат во здружението „Добредојде Македонија“.
Учесниците во проектот ги повикаа граѓаните да се вклучат во разубавувањето на сите катчиња во градовите низ земјава.
Александра Спировска
