Во Охрид ќе стартува кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

24.03.2014 18:20

Почна изборната кампања за претседателските избори...

Караванот на ВМРО-ДПМНЕ стартува со митинг во градот под Самоиловата тврдина, бисерот македонски - Охрид. Пред Охриѓани ќе биде промовиран кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател Ѓорге Иванов и неговата програма со мотото „Државата пред се“.  

Со силна поддршка за Иванов застана тимот ,,Македонија“ составен од уметници , актери , пејачи , доктори , студенти , пензионери , граѓани од цела Македонија. Сеуште актуелмниот претседател побара уште еден петгодишен мандат од граѓаните со, како што вели аргументи и целосно остварливи планови.  Во Скопје  вчера пред поддржувачите ја  претстави својата програма за претстојните избори.

„Денес, меѓу два мандати не земам здив, туку земам залет. Знам каде одиме и што сакаме- Европа во Македонија и Македонија во Европа“-рече актулениот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, претставувајќи ја платформата на својата програма со која што  ќе ја бара довербата на граѓаните за втор мандат. „Нема да дозволам да се решава за нас, без нас“-нагласи Иванов.

Основните цели на платформата на Иванов, освен Европска Македонија и интегрирање во НАТО се државното единство, националната безбедност, продлабочување на стратегиското партнерство со Соединетите Американски држави, како и владеење на правото,почитување на рамковниот договор, растечка економија со независни енергетски ресусурси, со нови странски инвестиции, држава со нови работни места, благосостојба на граѓаните, Македонија дом за сите.

Политиката на Иванов се темели на 20 столба- државното единство,да нема промена на Уставот со цел да се промени уставното име, владеење на правото, отвореност кон сите, примена на иновации и нови технологии, поддршка на семејството и младитенегување на традицијата и културното наследство.

„Да продолжиме уште пет години да работиме заедно со уште позасилено темпо, со уште поголема посеветеност за Македонија. Само заено можеме да ги исполниме целите“, рече Иванов.

Првиот круг од петтите претседателски избори ќе се одржи на 13-ти април, додека вториот на 27-ми април, за кога се закажани и предвремените парламентарни избори.

 

Наташа Гркова- Петрушевска