Црквата во Демре ја крие тајната за животот и смртта на Св. Никола
Древната црква е изградена во 6-от век од Јустинијан Велики, во времето на Римската империја.Имено, во 520 г. н.е., на темелите на старата христијанска црква, за која се знаело уште тогашдека во неа Св. Никола служел како епископ, била направена реконструкција и доградба, во која се насликани извонредно вредни фрески со големо уметничко и религиозно значење.

Некогаш познат како античкиот град Мира, денеска именуван како Демре, е град кој е едно од светите места за православните христијани и римокатолиците, но оттука потекнува и и историската инспирација за митот за Дедо Мраз. Централно место кое го посетуваат туристите кои доаѓаат во Демре е црквата „Св.Никола“ која е изградена над една од најважните точки за христијаните, гробот на светецот Никола, познат бискуп и значајна историска фигура од 4-от век. Древната црква е изградена во 6-от век од Јустинијан Велики, во времето на Римската империја.Имено, во 520 г. н.е., на темелите на старата христијанска црква, за која се знаело уште тогашдека во неа Св. Никола служел како епископ, била направена реконструкција и доградба, во која се насликани извонредно вредни фрески со големо уметничко и религиозно значење.
Поради конструкцијата на теренот и променетиот тек на блиската река, црквата била поплавена и исполнета со тиња, а во 1862-та година, по наредба на рускиот император Николај Први, објектот бил обновен, била додадена кула, а исто така биле направени и измени на византиската архитектура. Императорот нарачал Тропарот до Св.Никола да биде издлабен во камен и поставен над гробот.
Археолошките истражувања на оваа црква започнале во 1988 –та година, под раководство на проф. Јилдиз Штукен од Анкара. Иатражувањата ги откриле северниот дел на манастирскиот комплекс и малите капели на кои се насликани живописни фрескисодетали за животот и чудата на светителот, како и осквернавениот саркофаг, за кој се смета дека е оригиналното погребно место, од кое, во 1087-та година остатоците од Св. Никола насилно биле префрлени во Бари, Италија.
Овој религиозен и културно-историски објект, се смета за трета најважна византиска градба во Анадолија. Тој е познат по извонредните фрески на ѕидовите и има посебно архитектонско и религиозно значење. Аркадата на североисточниот анекс, која потекнува од 12-от век има посебно значење, бидејќи на неа е насликан единствениот фреско-циклус во Турција на кој е опшан животот на Св. Никола.
Во 2002-та година, со поддршка на администарацијата на реонот Анталија, извршена е реставрација на црквата, посебно на фреските, а во обновата учествувале и Вселенскатапатријаршија, Светскиотфондзаспоменици - Фондацијата Самуел Х. Крес, како и фондациите Аристотел С. Оназис и Вехи Коч.
Црквата била активна сè до нејзиното конечно напуштање од страна на Источната православна црква во 1923-тагодина, кога Грците кои живееле во Демре биле приморани да го напуштат градот поради наредбата за размена на население меѓу Грција и Турција.