Патувања

Рафтинг авантура на кањонот Копрулу

24.06.2021 15:29

Посебно возбудливо и интересно искуство е посетата на оваа ретка природна убавина, особено доколку се престојува во Анталија зедно со бројно семејство или група пријатели, па така, заедно со нив може да се доживее авантурата на рафтингот на дивите води во живописната клисура.

Ако сте веќе во Анталија, популарната туристичка рута за ова лето, можете да го збогатите задоволството од патувањето со посета на реката Копрулу, која мешајќи ги тиркизната и зелената боја, одблеснува со раскошен сјај.  Спектакуларниот кањон Копрулу е заштитено подрачје и простор кој е прогласен за национален парк во Турција. Посебно возбудливо и интересно искуство е посетата на оваа ретка природна убавина, особено доколку  се престојува во Анталија зедно со бројно семејство или група пријатели, па така, заедно со нив може да се доживее авантурата на рафтингот на дивите води во живописната клисура.

Самото патување до оваа природна реткост овозможува уживање во пределот и во околните живописни пејсажи, а со доближувањето до брзаците на реката, се зголемува адреналинската возбуда. Искусните и подговени водачи ги опемуваат храбрите посетители со потребната опрема и ги даваат инструкциите и безбедносните предупредувања. Предност е што секоја група може самата да ја одреди тежината на рафтинг трасата, по што незаборавниот танц на дивите води може да почне. Веднаш, штом започне спуштањето по разбранетите води на реката Копрулу, храбрите авантуристи се воодушевуваат додека лебдат над чистата, свежа  и бистра речна вода.

Следат цели четиринаесет километри незаборавна глетка на околната природа и брзаците на водата, се раздвижуваат сите сетила, стравот и неизвесноста од висината и острината на следниот брзак ја зголемуваат возбудата,  се чувствува радоста од  ова несекојдневното доживување. Уште поволшебна оваа авантура ја прават неколкуте точки на трасата, на кои се запира и може да се ужива во пливањето во свежата и бистра речна вода, што претставува вистинско освежување од високите летни температури.

Рафтингот на кањонот Копрулу е една од најатрактивните дополнителни содржинидодека се летува во Анталија, не само поради возбудта, туку и поради можноста да се ужива во глетката на ретката природа и зелените пејсажи обоени од густата вегетација.

И секако, на крајот на трасата туристите ги очекува богат и вкусен ручек со специјалитетите на раскошната турска кујна, што претствува вистинско уживање и можност за одмор по големата возбуда, како и надоместување на енергијата потрошена за време на рафтингот.

Оваа рафтинг тура во близина на анталиската ривиера е една од најпопуларните спортски атракции во Турција.

Кањонот Копрулу е место во кое се создаваат незаборавни спомени!