Украинската армија се повлекува од Крим

24.03.2014 19:20

Украинските војници по наредба на Киев го напуштија полустровот Крим, откако русите поставија знаме на поморската база Феодосија. И додека Запдот размислува на заострување на санкциите за што ке стане збор и на состанокот на Групата 7, поранешната украинска област остана без електрична енергија.

Во Руски раце падна уште една воена база на истокот на Крим. Руски знамиња веќе се виорат на 190 воени објкети. Украина поради ова одлучи да ги повлече своите војници.

 „Се одлучивме на ваков потег бидејки сме загрижени  од заканата  по  животот на војниците и нивните семејства“ рече Олександар Турчинов- ВД претседател на Украина

 Во меѓувреме, повеќе региони на Крим останаа без електрична енергија, што беше и повод премиерот Медведев да побара меѓународни преговори за да се реши ова прашање бидејки околу 80 насто од полуостровот се снабдува со електрична енергија и со вода од Киев. За случувањата на истокот на Европа, во ХАГ почнаа  разговорите на   лидерите на 7 најбогати земји на светот. Американскиот претседател е со став дека рускиот преседател  треба да  ги разбере  економските и политички  последици  поради неговите акции во Украина.

 „Ако Русија продолжи да ја влошува состојбата ние ке мора да бидеме подготвени да  одговориме  на ова“ - Барак Обама   претседател на  САД

Добрите познавачи на односите меѓу Русија и Западот, веќе најавија дека украинската криза создаде економски проблеми, затоа Брисел размислува за изнаоѓање  алтернатива за да ја намали преголемата зависност од рускиот гас. Од друга страна пак  рускиот претседател Путин и покрај тоа што вети дека Европа нема да остане без гас, сепак размислува да ја пордлабочи сорабортката со земјите од далечниот исток.

Мирјана   Василева