Фото изложба и музичко- драмски концерт вечерва на „Скопско лето“
Вечерва во Изложбениот салон на Културно информативниот центар ќе биде отворена фото изложбата „Провокативни лица“. Во Сули- ан ќе се одржи музичко- драмски концерт „Писмото од кралот“...

Вечерва во Изложбениот салон на Културно информативниот центар, во рамки на „Скопско лето“ ќе биде отворена фото изложбата „Провокативни лица“. Автор на театарските маски е Филип Цветковиќ од Србија.
„Традиционално обележје на секој актер е маската. Како таква таа има дирекно учество во самите ритуални обреди, кои имаат за цел повикување на дождот, оздравување на одреден член на фамилијата. Племињата со своите ритуални танци ги молати вишите сили за добар улов, за благослов, за напредок. Секоја ритуална точка се изведува под маски и секоја од нив има одредено значење, но, една од нив е најважна – танцот на животот и смртта, кој е секојдневно застапен во денешниот живот“- вели авторот на изложбата.
Исто така, вечерва ќе се одржи музичко-драмски концерт „Писмото од кралот“ со почеток во 20:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Станува збор за иновативен музичко-драмски концерт за деца ој е во својство на едукацијата на најмалите, опфаќајќи актуелни теми (екологија, бон-тон, јавно здравје итн.), испреплетени низ музика изведена во живо.
