БЛИСКИ ИСТОК

САД изврши воздушни напади врз цели на бунтовници поддржани од Иран

28.06.2021 09:47

Засега нема извештај за жртви или повредени. Нападите се извршени по наредба на претседателот Џо Бајден кој по втор пат во овој мандат одобрува ваква интервенција врз силите кои имаат поддршка од Иран.

Американската војска изврши воздушни напади врз бунтовничките сили на границата меѓу Ирак и Сирија кои имаат поддрпшка од Иран. Пентагон нагласи дека операциите следуваат по нападите со дрон врз американскиот персонал и нивни објекти во Ирак. Уништени се арсенали со оружје на две локации во Сирија и на една во Ирак.

Засега нема извештај за жртви или повредени.  Нападите се извршени по наредба на претседателот Џо Бајден кој по втор пат во овој мандат одобрува ваква интервенција врз силите кои имаат поддршка од Иран.

САД има 2.500 свои војници во Ирак во рамките на меѓународната коалиција што се борат против Исламска држава.