Австралија и Европа во опасност од нови кластери
Слична опасност од нов скок на бројот на заразени ја демне и Европа откако премиерот на Луксембург, Бетел потврди дека има позитивен тест на ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ во Брисел. Неделава требал да ја прими втората доза од вакцината на „Астра Зенека“.

Австралија во нова битка против ковид-кластери кои според експертите се најопасните од почетокот на пандемијата. Многу делови се затвораат и ги враќаат строгите рестрикции. Досега се целосно имунизирани само 5% од населението.
Новите кластери биле предизвикани од инфициран возач на лимузина, и рудар кој бил во хотелски карантин. Слична опасност од нов скок на бројот на заразени ја демне и Европа откако премиерот на Луксембург, Бетел потврди дека има позитивен тест на ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ во Брисел. Неделава требал да ја прими втората доза од вакцината на „Астра Зенека“.
На самитот, Бетел се дружел со многумина европски челници, меѓу кои и германската канцеларка Меркел.
