АНГЛИЈА
Тајни воени документи откриени на автобуска постојка во Кент
28.06.2021 12:03
Документот содрржи и детали поврзани со руската реакција на минувањето на бродот на Кралската морнарица низ украинските води минатата среда.

На автобуска постојка на југоистокот на Англија се пронадени тајни документи од Министерството за одбрана. Материјалот од 50 страници завршил во рацете на граѓани од Кент кој ги контактирал Би-Би-Си.
Документот содрржи и детали поврзани со руската реакција на минувањето на бродот на Кралската морнарица низ украинските води минатата среда.
Наведено е и дека е можно воено присуство на Обединетото Кралство во Авганистан по повлекувањето на НАТО и САД на крајот на летото.
