Адреналинско доживување со жичница Олимп на планината Тахтали
Возењето низ најдолгата патека на светот од 4.350 метри на туристите им нуди безбедно и удобно искуство, како и вистинска привилегија да се искачат на 2.366 метри надморска висина, а сепак да бидат во непосредна близина на Средоземното Море. Со максимална примена на сите познати и постојни безбедносни протоколи на посетителите им е овозможено безбедно возење и им се гарантира сигурност, а при секаков вид непредвидени случувања и незгоди.
Туристите кои ја посетуваат Анталија, неизоставно треба да ја доживеат и ретката можност за возење со спектакуларната жицница Олимп на планината Тахтали.
Незаборавно и неверојатно доживување е патувањето со големите и удобни стаклени кабини, преку кои од секој агол може да се ужива во ретките глетки на стрмните долини, реки, глечери и тешко пристапни предели на оваа стрмна планина. Изградена и одржувана од една од светски водечките компании за жичници, швајцарската Cable Cаr Wetterhornaufzug, оваа најсовремена технолошка жична атракција е дизајнирана и проектирана во согласност со европските норми и стандарди.
Возењето низ најдолгата патека на светот од 4.350 метри на туристите им нуди безбедно и удобно искуство, како и вистинска привилегија да се искачат на 2.366 метри надморска висина, а сепак да бидат во непосредна близина на Средоземното Море. Со максимална примена на сите познати и постојни безбедносни протоколи на посетителите им е овозможено безбедно возење и им се гарантира сигурност, а при секаков вид непредвидени случувања и незгоди.
Искачувањето и погледот од врвот на Олимп е доживување кое се помни сиот живот. Спектакуларната глетка на целиот анталиски регион од врвот на планината е незаборавен момент.
Уште поголемо изненадување е атрактивната гастрономска понуда во ресторанот кој нуди богато мени и го надополнува доживувањето.