ЕВРОПА

Ватикан, Исламска држава и Г-20 на агендата на Блинкен

28.06.2021 13:01

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, е во посета на Ватикан, на средба со Папата Франциск. Вашингтон се обидува да ги подобри односите со седиштето на римокатоличката црква, по мандатот на претходната американска администрација која спореше околу повеќе прашања со Ватикан...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посета на Ватикан. Вашингтон се обидува да ги подобри односите Седиштето на Римокатоличката црква по мандатот на претходната американска администрација која спореше околу повеќе прашања со Ватикан.

Во Рим, на средба со шефот на дипломатијата Луиџи Ди Мајо, посветена на глобалната коалиција против Исламска држава во која учествуваат 83 земји. Главна тема се кампањата за постигнување трајна победа врз терористичката организација, стабилизацијата, странските терористички борци, и финансирањето.

И покрај дипломатските напори, не запираат вооружените пресметки на Блискиот исток. Американската авијација изврши воздушни напади врз бунтовничките сили на границата меѓу Ирак и Сирија. Операцијата е одмазда за нападот со дрон врз американскиот персонал и нивните објекти во Ирак.

„Ова не е само угентување на иранскиот народ. Односот на САД во регионот е континуитет на погрешна политика и е наследен од претходната администрација“, изјави Саед Катибзадех, портпарол на иранското МНР.

Италија е последната дестинација на европската турнеја на Блинкен која треба да заврши со самитот на Г-20.

 

Маја С. Филдишев