Регионални избори во Франција: Десницата го потврдува својот напредок, левацата пружа отпор
По победата на таканаречениот „стар свет“ на регионалните и департманските избори во франција, реконфигурацијата на политичката карта на земјата сè уште незавршена, поточно таа е сопрена. Сега сите погледи се свртени кон другите избори-претседателските во 2022 година.

Ако резултатите од првиот круг на регионалните избори минатата недела се појавија како изненадување во поглед на неодамнешните анкети, резултати од вториот круг на регионалните и департманските избори на еден начин се „будење на стариот свет“ и ги потврдуваат забележаните трендови.
Десницата навистина излегува од овие избори со статус на водечка политичка сила во земјата. Тие се пред сојузот на левицата и еколозите, кои одлично се спротивставија со 34,5 отсто од гласовите. Националниот собир на Марин ле Пен е сериозно погоден, со само 20,5 отсто од гласовите.
„Вечерва не освоивме региони, бидејќи кандидатите во излегување со помош на противприродни сојузи, направија сè за да не спречат да им го покажеме на Французите нашиот капацитет да раководиме со регионалната извршна власт“, се пожали Марин Ле Пен.
Како и што се очекуваше, претседателското мнозинство се најде на последното место, со одвај 7 отсто од гласовите. Оваа нова шлаканица, по онаа на општинските избори во 2020 година, сурово го потврдува недостатокот на локално прицврстување од кое страда „Републиката во марш“, партијата на Емануел Макрон.
„За време на кампањата, ви ја кажав вистината, бев јасен, без да ги сокривам моите намери. Овој резултатот ми дава сила да им излезам во пресрет на сите Французи, за да се подигне нашата земја“, изјави Ксавие Бертран – претседател на регионот Горна Франција и кандидат за претседател на Франција.
По победата на таканаречениот „стар свет“ на регионалните и департманските избори во Франција, реконфигурацијата на политичката карта на земјата сè уште не е завршена, поточно таа е запрена. Сега сите погледи се свртени кон другите избори – претседателските во 2022 година.
Тони Гламчевски, допсиник од Франција за МРТ
