Горивата повторно поскапуваат
Причина за нагорната корекција на цената на дериватите е растот на референтните цени на дериватите на светските берзи.

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари. Евродизелот поскапува за денар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за половина денар. Нова цена ќе има и мазутот.
Причина за нагорната корекција на цената на дериватите е растот на референтните цени на дериватите на светските берзи.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм)
