Тешка сообраќајка на патот Струмица- Радовиш
Две лица од радовишко Злеово и едно лице од Струмица загинаа, а две се тешко повредени во стравотната сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 15 часот на магистралниот пат Струмица -Радовиш, кај селата Владевци и Дукатино.

Првично, до трагедијата дошло при директен судир кај клучката Радичево, на две патнички возила, „Шкода октавија“ со струмички и „Мерцедес“ со штипски регистарски таблички.
Двајцата возачи на автомобилите се тешко повредени и по интервенцијата на екипите од противпожарната служба со итна помош се однесени во струмичката општа болница. На лице место, животот го изгубил сопатникот од шкодата и двајцата сопатници од мерцедесот.
Според информациите од МВР, Мерцедесот се движел кон Радовиш, а од спротивната страна возела Шкодата. На лице место увид извршија надлежните екипи од СВР Струмица и јавен обвинител. Истрагата ќе покаже кои се причините поради кои дошло до несреќата.
