Потребна е промоција за добра турстичка сезона
Македонија беше подолго време во црвената зона на земји, каде што не се препорачува да се патува, затоа е потребна итна промоција во регионот за поуспешна туристичка сезона, велат од Стопанската комора.

Македонија сѐ повеќе ја снемува од глобалната туристичка карта, сметаат од Стопанската комора. За да не ја загубиме и оваа, но и наредната туристичка сезона, потребна е итна промоција во регионот, привлекување нови пазари, но и креирање нови содржини.
Од туристичкиот сектор велат дека ковидот претставува своевиден визен режим, а странските државјани немаат информации за условите за влез во државава, поради неажурирање на интернет страниците за промоција на туризмот.
Чартерите од Холандија сѐ уште се неизвесни, велат од туристичкиот еснаф, а и најавените полските туристи се на иницијатива на приватниот сектор.
Од Стопанската комора апелираат да не се наплаќа паркинг на сите странски туристи на ниво на цела држава.
Александра Спировска
