Одбрана

Шекеринска очекува летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица

28.06.2021 14:48

За шест командни позиции во НАТО каде што ќе заминат наши македонски офицери, кај пет од нив постапката е завршена, а кај еден е во тек. Одлуката за конечно добивање сертификат треба да ја потврди врховниот командант, претседателот на државата.

За најголемиот дел од офицерите за кои е потребно да добијат НАТО сертификат постапка е при крај или сосема завршена, додека кај оние кои нема да добијат или ќе бидат одбиени тие нема да останат без работа туку ќе бидат распределени на соодветни места во Армијата, посочи министерката за одбрана Шекеринска.

За шест командни позиции во НАТО каде што ќе заминат наши македонски офицери, кај пет од нив постапката е завршена, а кај еден е во тек. Одлуката за конечно добивање сертификат треба да ја потврди врховниот командант, претседателот на државата. 

Ресорната министерка ја повика опозицијата да не го блокира Законот за служба во армијата зашто со таа регулатива се решаваат суштинските прашања за стандардот. Министерката Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз присустваа на донација на опрема за АБХО системи за деконтаминација и две возила за транспорт на овие системи.

 

Игор Панов