Свет

Делта сојот на Ковид-19 нов предизвик за светот

28.06.2021 15:14

Мутацијата која се појави во Индија, го вклучи алармот кај епидемиолозите кои се согласни- проширувањето низ планетата е неизбежно. Многу земји кои успешно прогласија крај на борбата со коронавирусот, делта сојот повторно ги фрли во локдаун. Австралија се бори со неколку кластери. Стручните лица предупредуваат дека земјата е во најопасната фаза од почетокот на пандемијата.

Делта сојот нов предизвик за светот. Мутацијата која се појави во Индија, го вклучи алармот кај епидемиолозите кои се согласни- проширувањето низ планетата е неизбежно. Многу земји кои успешно прогласија крај на борбата со коронавирусот, делта сојот повторно ги фрли во локдаун. Австралија се бори со неколку кластери. Стручните лица предупредуваат дека земјата е во најопасната фаза од почетокот на пандемијата.

„Ова е навистина лошо де-жа-ви. Се обидувавме да се вратиме во нормала по минатогодишниот локдаун. Оваа област живее од туризмот. Сега сме со нов удар, но полека се освестувам. Да, мошне е лошо, се чувствувам мизерно и депресивно“, вели жител на Австралија

„Сакам да патувам, да се движам слободно. Најстрашна е неизвсноста, стравот од непознатото. никој не знае како и кога ќе заврши сево ова“, додава жителка на Австралија.

И Русија е во засилена борба со мутираниот коронавирус. Се враќаат и рестриктивните мерки. Црн биланс во Москва каде што беа регистрирани 124-ца починати за едно денониоќие. Алармантна е состојбата и во Санкт Петербург.

„Страшно е. Секојдневно се зголемува бројот на хоспитализирани со сериозна клиничка слика. Што можам друго да кажам, едноставно е вакцинирајте се“, изјави доктор сергеј Лаптински.

„Третиот бран си го направи своето. Има зголемување на бројот на млади пациенти кои завршуваат на интензивна нега“, изјави доктор Павел Карпов.

Повеќе стручни лица се оптимисти за ефикасноста на вакцините од делта подвидот, но има и такви кои заштитата од оваа мутација ја ставаат под знак прашалник. Во Израел речиси половината од целосно вакцинираните се заразиле со делта сојот.

Предупредување и од СЗО - вакцинираните да продолжат со носењето маски поради опасност од индиската мутација. Делта сојот е откриен во 92 земји во светот.

 

Маја Стојанова