Вучиќ, Заев и Рама на видео конференција ќе разговараат за „Мал Шенген“
Иницијативата „Мал Шенген“ беше покрената во 2019-та година од Македонија, Србија и Албанија, како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, преку видео- врска ќе разговараат за подобрување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.
Вучиќ претходно изјави дека очекува да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.
Иницијативата „Мал Шенген“ беше покрената во 2019-та година од Македонија, Србија и Албанија, како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка. Идејата е да се создаде единствен пазар и да се забрза економскиот развој.
