БЛИСКИ ИСТОК

Ракетирана американска база во Сирија

29.06.2021 10:43

Операцијата е одмазда за нападот на американските воздушни сили врз проирански позиции и објекти од двете страни на ирачко-сириската граница.

Ракетирана американска воена база во сириската провинција Деир ел-Зор. Операцијата е одмазда за нападот на американските воздушни сили врз проирански позиции и објекти од двете страни на ирачко-сириската граница.

Континуираниот конфликт со терористичките организации на Блискиот Исток главна тема на самитот во Рим организиран од Глобалната коалиција за борба против Исламска држава.

„Притворањето на борците на оваа група во логорите во Сирија доведе до неиздржлива ситуација“ – тврди американскиот државен секретар Блинкен. Со овие затвори управуваат демократските сили на сириските Курди, кои се поддржани од Вашингтон откако ИД беше поразена во 2017 година.

„Земјите мора да преземат нешто за да ги вратат странските борци кои доаѓаат од некои од тие земји, да им се суди каде што е соодветно, да ги рехабилитираат и реинтегрираат, ова е итно потребно. На состанокот посочив многу држави кои веќе направиле чекор, вклучувајќи ги и Италија, САД, како и земји во Централна Азија и на Балканот. Сепак, потребно е повеќе“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

По поразот, Исламска држава спроведува напади во северен Ирак и на границата со Сирија. Властите во Багдад тврдат дека само во последните месеци, овие милитанти извршиле најмалку 25 смртоносни напади.