Бајден: Иран нема да поседува нуклеарно оружје
Бајден изрази подготвеност за разговори и со новиот премиер на еврејската држава Нафтали Бенет кој го наследува Бенјамин Нетанјаху, сојузникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој ги повлече САД од Договорот.

„Израел и САД нема да толерираат Иран да има нуклеарно оружје“ – ова е епилогот од средбата на американскиот лидер Џо Бајден и израелскиот колега во заминување Реувен Ривлин во Белата куќа. Состанокот се одржува во период на големи промени во израелската политика и напорите на САД за враќање во Нуклеарниот пакт.
Бајден изрази подготвеност за разговори и со новиот премиер на еврејската држава Нафтали Бенет кој го наследува Бенјамин Нетанјаху, сојузникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој ги повлече САД од Договорот.
Земјите-потписнички прават напори за спас на Пактот во Виена откако Техеран ги зголеми отстапките од договорните обврски како одмазда за воведените економски санкции.
