ЦРНО МОРЕ
Украина и САД на воена вежба во Црно Море, Русија реагира
29.06.2021 11:19
Во двонеделните маневри наречени „Морско ветре 2021“ ќе учествуваат над 30 земји.

И покрај противењето на Русија, Украина и Соединетите држави ќе ги одржат воените вежби во Црно Море и јужна Украина. Во двонеделните маневри наречени „Морско ветре 2021“ ќе учествуваат над 30 земји.
Тензиите меѓу НАТО и Москва се зголемија дополнително по инциндетот со британскиот воен брод во близина на Крим. Релацијата се проблематизираше уште по анектирањето на Крим во 2014 година.
Пред неколку месеци, Русија повторно го зголеми военото присуство на границата со Украина.
