Економија

„Фајнанс тинк“: Еколошката такса ќе ја зголеми инфлацијата

29.06.2021 12:08

Според анализата, долгорочниот ефект од зголемување на цената на горивата врз вкупните цени е посилен, односно екотаксата ќе придонесе со дополнителни 0,8 до 0,9 проценти пораст на општото ценовно ниво.

Намерата на Владата за воведување еколошка такса од 3,5 денари за литар гориво, за да се помогне зелената транзиција, да се дестимулира користењето фосилни горива и охрабри користењето обновлива енергија, според невладината „Фајнанс тинк“ ќе предонесе со дополнителни 0,15 до 0,30 проценти пораст на општото ценовно ниво на краток рок.

Според анализата, долгорочниот ефект од зголемување на цената на горивата врз вкупните цени е посилен, односно екотаксата ќе придонесе со дополнителни 0,8 до 0,9 проценти пораст на општото ценовно ниво.

„Фајнанс тинк“ препорачува еколошката такса да се воведува скалесто, и тоа 1,5 денар од јули 2021-ва, 1 денар во јануари 2022-ра и 1 денар во јули 2022-ра. Со тоа, според анализата, ценовниот ефект ќе биде дополнително разводнет.