Наташа Илиевска и Даниел Кимовски победници на „Танц со ѕвездите 2“

25.03.2014 01:09

Шоуто кое што изминатите три месеци ги забавуваше гледачите пред малите екрани на првиот програмски сервис на Македонската Радио Телевизија,  ја прогласи својата најдобра танцова двојка.

Победници во втората сезона на „Танц со ѕвездите“ се Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.

Гламурозното шоу што го најавија продуцентите се исполни. На сцената покрај танцовите двојки настапија и музичките ѕвезди Јелена Розга, Нокаут и овогодишниот претставник на Евровизија од Македонија, Тијана Дапчевиќ.

Победничката двојка доби на подарок вредно патување од МРТ и продукцијата “Дрим Фактори”.