Врховниот суд го потврди разрешувањето на Лидија Неделкова
Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката рече дека причините се ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на судскиот деловник, односно кодексот за судиска етика.

Советот за жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението на Судскиот совет од 1-ви март годинава за нејзино разрешување од судиската функција, информираа од Врховен.
Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката рече дека причините се ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на судскиот деловник, односно кодексот за судиска етика.
Барањето за разрешување на врховната судијка Лидија Неделкова беше поднесено од екс- претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски за поведување постапка за утврдување нејзина одговорност како судија.
