„Мал Шенген“

Вучиќ, Рама и Заев: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка

29.06.2021 12:25

Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ. Сепак, ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка, се вели во трипартитната изјава.

Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна Европската унија колку што ѝ се тие потребни, стои во заедничката изјава на Заев, Вучиќ и Рама.

Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ. Сепак, ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка, се вели во трипартитната изјава.

Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ, движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел. Нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар ќе го искажеме на самитот на Берлинскиот процес на 5-ти јули, наведуваат Заев, Вучиќ и Рама.

На 29-ти јули во Скопје најавија средба за да го потврдат напредокот и да потпишат договори кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот самит, меѓу нашите три земји. Договори за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот меѓу нашите земји.

Албанија е Европа. Северна Македонија е Европа. Србија е Европа. Западен Балкан е Европа. Ние ќе ја завршиме тешката работа за да го направиме ова дел од секојдневниот живот, се вели во заедничката изјава на српскиот претседател Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Заев и Рама.